Правдико

   

Царината почна со делење брошури за патниците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во пресрет на летните одмори и на зголемената фрекфенција на патници на граничните премини, Царинската управа деновиве почна со делење брошури за информирање на патниците што влегуваат, излегуваат или транзитираат низ земјава, за нивните права и обврски, а за да се овозможи брза, безбедна и лесна царинска контрола, соопштуваат од Царината.

broshuri-granicni-premini-860x680

Како што информираат оттаму, информативните брошури се на македонски и на англиски јазик и содржат корисни податоци за важечката царинска регулатива за патнички промет, односно за дозволените количества за внесување или изнесување на тутунски и на алкохолни производи, парфеми, предмети за лична употреба, лекови, миленичиња, оружје и муниција, предмети од историска и од културна вредност и слично.

„На патниците им се презентираат и брошури со информации за царинска регулатива поврзана со пријавување пари, изработени на македонски, англиски, албански и на турски јазик. Патниците на аеродромите во Скопје и во Охрид за законската регулатива имаат можност да се информираат преку информативен видеозапис, кој во соработка со ТАВ е поставен на екраните на аеродромите“, стои во соопштението од Царинската управа.

Како што информираат од Царината, лимитот за внесување пари изнесува 10.000 евра, додека ефективни странски пари повеќе од 10.000 евра задолжително се пријавуваат на царинските органи.

„Што се однесува до изнесувањето пари од Македонија, резидентите мора да го пријават секој износ што надминува 2.000 евра и 120.000 денари по лице, при што се приложува потврда од овластена банка или менувачница. Изнесување на ефективни странски пари во износ поголем од 10.000 евра и 120.000 денари е забрането. Нерезидентите можат слободно да изнесат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра и до 120.000 денари по лице. Доколку изнесуваат ефективни странски пари повеќе од 10.000 евра, задолжително се приложува на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган“, велат од Царината.

Во Македонија, додаваат од Царината, покрај личниот багаж и лекови за лична употреба, слободно може да се внесат до 200 цигари (или 100 цигариљоси или 50 пури или 250 грама тутун за пушење), еден парфем од 50 милилитри или една тоалетна вода од 250 милилитри, еден литар алкохолен пијалак или две литри вино.

За животни, суровини од животниско потекло, домашни миленичиња и за растенија се потребни посебни дозволи, а забрана постои за оружје и за муниција, недозволени супстанци, отрови и штетни материи, како и за фалсификувана и пиратска стока.

„Домашните патници се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа во вредност до 350 евра. Во овие 350 евра не влегуваат алкохолни пијалаци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода“, информираат од Царината.

Извор: Мета

Прочитајте повеќе за тоа Што може да поминете на граница без плаќање на царина, ДДВ и акциза

Партнери на Правдико