Царината заплени 16.000 фунти на граничниот премин Табановце
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вкупно 16.080 британски фунти откри царината при контрола на камион кој бил управуван од македонски државјанин, а пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.
Во кабината на возилото, во фрижидер, била пронајдена кеса со 25.000 британски фунти. Согласно со законските прописи, на возачот му биле вратени 8.920 британски фунти, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот девизен прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, велат од Царинската управа.
Извор: Макфакс