Царината заплени алкохол и цигари во акција во шест града
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Царинската управа и Управата за јавни приходи во координирани контроли во 50-тина објекти во шест градови во периодот од 27-30 јули откри и заплени 117 литри алкохол и 23 кутии цигари во рамки на акцијата за откривање на нерегуларна продажба на акцизна стока.
Во 13 објекти при контролите спроведени во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп, соопшти денеска Царинската управа, е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари.
– Привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. Од нив 69 литри се домашна ракија, а остатокот се различни видиви жестоки алкохолни пијалоци (виски, узо, ракија, ликери). Во една продавница во Струга, во бункер во подот под пултот за продажба, откриени се и 23 кутии цигари Marlboro и Prestige без и со странски бандероли, се наведува во соопштението од Царинската управа.
Се посочува дека овие контроли се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, и да се заштити здравјето на луѓето.
Извор: 24Вести