Царовска: Потпишувањето на договорот за „Хоризонт Европа 2021-2027“ е директна поддршка на науката за развој
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во име на Владата потпиша меѓународен договор со Европската Унија за учество на Северна Македонија во рамковна програма за истражување и иновации за периодот од 2021 до 2027 година.
Со приклучувањето кон оваа програма земјата добива можност за зајакнување и зголемување на можностите за интернационална и регионалната соработка во делот на науката и иновациите, интернационален пристап во заедничките истражувања, интегрирање на земјата во европската истражувачка област и исполнување на целите за отворена наука и пристап до информации. Дополнително, се отвора пазарот за истражувачи, истражувачка инфраструктура, мобилност и соработката со други земји на ова поле.
Програмата „Хоризонт Европа“ е досега најамбициозната програма на ЕУ со буџет од 95,5 милијарди евра и претставува основен инструмент за финансирање на истражувањата и иновациите на европско и глобално ниво.
Извор: Макфакс