Цел на ЕУ: транзитна зона Балкан | Правдико

Правдико

   

Цел на ЕУ: транзитна зона Балкан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од германскиот печат: Балканските земји не сакаат да станат огромни бегалски кампови, како што планираше ЕУ. Балканот како голема чекалница – за членство во ЕУ, но и за влез на мигранти во Европа.

0,,18804791_303,00

тац. ди тагесцајтунг“ од Берлин, во врска со самитот за проблемот со бегалците, пишува дека првичната цел била прагматична – „да се стави крај на хаосот на балканската рута“, како и на политиката на давање знак на бегалците да продолжат понатаму на нивниот пат. „Но, хуманитарната криза бргу се најде во заднина, оти балканските земји се наоѓаат и во политичка криза, меѓу Хрватска и Србија владее затишје во коминикацијата. (…) Многу балкански водачи, меѓутоа, со недоверба гледаат и кон Германија“ на која „многумина и’ префрлуваат дека сноси дел од вината за хаосот на Балканот. (…) Најголема грижа на Југоисточноевропејците е дека Берлин би можел натамошно да ја заостри својата политика спрема бегалците, со последица дека се’ повеќе од оние на кои им е потребна помош би останале на Балканот. ’Ние не можеме нашата земја да ја направиме огромен бегалски камп’, рече грчкиот министер за миграција Јанис Мусалас. Но, токму на тоа би можеле да се сведат плановите за кои се дискутираше пред средбата во Брисел. Не само во Грција, туку и во Бугарија, Хрватска и во други гранични земји на ЕУ би можеле да настанат гигантски прифатилишни кампови, во кои луѓето би чекале за да го продолжат патот понатаму или да бидат протерани назад во татковината“. Во градењето на тие гигантски градови од шатори би можел да помогне и УНХЦР, а би ги финансирале Европската инвестициона банка и други институти на ЕУ. „Но, работата има една закачка: балканските земји не сакаат да учествуваат во таа игра“, констатира „тац“.

„Чекалница Балкан“

За „Зиддојче Цајтунг“ Западен Балкан е „ознака за чекалница на ЕУ“, тоа се земји „чија историја е меѓусебно испреплетена до задушување и чија иднина е целосно неизвесна. И таму, кај оние што чекаат, (…) сега треба со обединети сили да се реши најголемата бегалска криза што ја доживеала Европа по Втората светска војна. По неколкумесечно набљудување може претпазливо да се резимира: работите не одат баш најдобро. Односите меу тие земји веќе претрпеа штети“. Во текстот понатаму се наведени примерите на српско-хрватското вербално препукување, со констатација дека „нов учесник во кругот за навреди е Словенија. (…) Недоговарањето меѓу земјите не е опасно само за бегалците, кои на секои сто километри повторно одат шлапкаат или трчаат во ничија земја меѓу државите. Тоа е опасно и за граѓаните на Србија, Хрватска и Словенија. Кога во средината на септември започна маршот на бегалците преку српско-хрватската граница, Европа застрашено се згрчи: таму уште има мини! Тие се стари 20 години. Тие се помалку безбедносен ризик за бегалците, кои и онака се движат по патиштата, туку се потсетување на тоа, колку е свеж и кревок мирот на југоистокот на Европа. (…) Оти, токму тонот меѓу хрватската и српската влада од време на време потсетува на воена реторика. (…( Дали 20 години минуваат брзо или бавно зависи од прашањето дали тие биле среќно години. За многу од земјите на некогашна Југославија изминатите 20 години не беа особено среќни. Освен што заврши војната, малку нешта се случија. Очекуваниот економски подем побргу се претвори во долга агонија. Тоа што Хрватска успеа пред Србија да стане членка на ЕУ дополнително ги влоши нивните односи. Но, и земји во ЕУ со историски многу помалку оптоварени односи веќе не успеаја да се усогласат околу односот со енормниот број на бегалци. Така на Балканот настануваа слики кои одговараат на најлошите клишеа за ’балкански состојби‘: хаос, кал и кавга. Против тоа мора да се борат не само балканските земји“, заклучува „Зиддојче Цајтунг“.

„Пред балканските иглени уши“

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЦ) објавува репортажен запис од хрватско-словенечката граница. Импровизираниот ограден и од полицијата и војската опколен логор кај Брежице, во кој има 3 илјади бегалци, некоја тамошна старица ја потсетил дека „еднаш веќе видела такво нешто, на крајот од војната кога партизаните ги ги собрале Германците на едно поле. Оклопните транспортери и големото присуство на полиција, воена полиција и војници навистина повеќе потсетува на заробенички логор, отколку на собирен камп за хуманитарно згрижување.На новинарите им е забранет пристап“. Во прилогот се вели дека претходната недела биле запалени повеќе шатори, веројатно како „протестна акција на интернираните. Атмосферата е напната. Повеќепати бегалците се обидоа да ја урнат оградата, а полицијата употреби гас за да ги спречи во тоа“. Сцените, се вели во написот, потсетуваат на оние од оградата на унгарско-српската гранца, но овде не се брани надворешна граница на ЕУ, туку тоа се случува внатре во Шенгенската зона и им се „ограничува слободата на движење на бегалците. (…) ’Инвазионата армија‘ за која зборува Виктор Орбан, човек би си ја претставил поинаку. Летото во Германија пристигна претходницата на миграционото движење, претежно добро исхранети и спортски градени млади мажи, кои зборуваат англиски и се ориентираат со помош на своите смартфони. Оние кои сега доаѓаат далеку повеќе одговараат на вообичаената слика за бегалци“, забележува ФАЦ.

Извор: DW

Партнери на Правдико