Целосна забрана за пушење во Србија од 1 Јануари: Ова се однесува и за кафулињата!
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.„Предвидена е целосна забрана за пушење на сите работни и јавни места, вклучувајќи ходници, лифтови, чекални“ – вели д-р Срмене Крстев, претседател на Комитетот за превенција на пушењето на Министерството за здравство.
Во Србија, од месец јануари 2016 година, ќе се воведе целосна забрана за пушење на јавни места, вклучувајќи ги сите ресторани. Во ниеден дел од баровите и рестораните нема да биде дозволено пушење.
Пушачите веќе нема да биде во можност да ги користат ни посебните простории со вентилација што сега постојат во многу трговски центри и кафетерии. Тоа нема да важи за летните бавчи каде што ќе биде дозволено пушење.
„Предвидена е целосна забрана за пушење на сите работни и јавни места, вклучувајќи ходници, лифтови, чекални. Овој закон ја класифицира Србија во групата на европски држави кои имаат донесено слични закони во оваа област. Во нив е целосно забрането пушење во затворени јавни места, јавен транспорт, на работните места. Сепак, ние и сега направивме мали отстапки. Така, во психијатриските установи, социјални установи и затвори ќе биде дозволено пушење во посебни соби, со клаузула дека во нив ќе може да пушат само пациенти и затвореници, но не и вработените“ – вели д-р Крстев.