Правдико

   

Цената за студирање на правен факултет во САД – најскапите и најевтини факултети

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правниот факултет на Универзитетот Колумбија има највисока годишна школарина меѓу 99 приватни училишта рангирани од страна на U.S. News & World Report.

ed49

Овој факултет наплаќа 62 700 американски долари, според U.S. News & World Report . Најниската цена од 99 приватни правни факултети ја држи Brigham Young University’s Clark правниот факултет, кој наплаќа само 23 940 $. Членовите на црквата Jesus Christ of Latter-Day Saints добиваат уште поголемо олеснување – тие плаќаат 11 970 долари.

Меѓу државните факултети за право, Правниот факултет на Универзитетот во Вирџинија е најскапиот за студентите во државата, со школарина од 54 000 $. Најевтин е Правниот факултет на Универзитетот во Северна Дакота, кој наплаќа за студенти од истоимената сојузна држава 11 161 долари.

Општо земено, просечната школарина е 45 467 американски долари во 99 рангирани приватни школи, 25 890 долари за студентите во нивната сојузна држава од рангирани 80 државни правни факултети.

 

Партнери на Правдико