Центар ќе ја урива дивоградбата на кафулето „Бастион“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Општина Центар го затвори дивото градилиште на угостителскиот објект „Бастион“, кој се наоѓа на улицата „Ленинова“ во Дебар Маало.
Пред два месеци општинскиот овластен градежен инспектор донесе решение со кое се наредува на инвеститорот, Томислав Алексовски да ја отстрани челичната конструкција со димензии 12 на 10 метри изградена без одобрение и да ги врати во првобитна состојба срушените скали. Од Општината информираат дека иако инвеститорот го примил решението, тој не само што не престанал со градење и не ја вратил градбата во првобитна состојба, туку изградил и доградба под челичната конструкција и бетонска платформа со исти димензии. Инспекторот издал решение дивоградбите да се отстранат во рок од 3 дена, во спротивно ќе се пристапи кон присилно уривање.
Жалбата против ова решение не го одлага извршувањето, па Општина Центар распиша јавна набавка за избор на фирма која ќе го изврши уривањето, а потоа ќе побара и асистенција од МВР.
Извор: Утрински Весник