Центарот на Скопје целосно блокиран, протестира полицијата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хаос во сообраќајот на улиците во центарот на Скопје. Целосно е блокиран центарот на главниот град поради протестот на Независниот полициски синдикат и поради посетата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Од Независниот полициски синдикат бараат подобри услоби за работа. Тие ги блокираа улиците, а возачите нервозни чекаат заглавени во колона и по половина час.
Блокирана е улицата кај Рекорд со автомобили, а на разглас се пуштаат емисии, каде што се зборува за состојбата на полицијата и нивните проблеми. Возилата се паркирани на крстосницата.
Блокирано е пред Владата, „Климент Охридски“, „Илинденска“, кај Црвениот крст.
Извор: Макфакс