Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки на УЈП во нови простории
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.УЈП ги информира даночните обврзници дека Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки од досегашните простории во Градскиот трговски центар, локациски е преместен во нов објект во поранешната Централа на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, веднаш до зградата ССМ, каде што во непосредна близина се наоѓа и Дирекцијата за големи даночни обврзници на УЈП.
Канцелариите на УЈП кои до сега беа сместени во Градски трговски центар (ГТЦ), нема да бидат во функција.
Исто така, ги потсетуваме сите обврзници дека Контакт центарот / Повикувачки центар на УЈП, функционира на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје (зграда до ЗОИЛ), кој претходно се наоѓаше во Градскиот трговски центар Скопје види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/565
Управата за јавни приходи целосно е посветена во подобрување на услугите кон даночните обврзници, зајакнување на партнерскиот однос и комуникацијата со даночните обврзници.
Центар за наплата на глоби и други јавни давачки на УЈП ул.12-та Ударна бригада бр 2-а, 1000 Скопје