Централен регистар информира за краток прекин на веб сервисите во вторник
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Централниот регистар ги известува корисниците дека согласно новите безбедносни мерки и стандарди (PCI DSS), системот на КАСИС, cPay нема да го поддржува застарениот и небезбеден протокол TLS 1.0. Прелистувачите на клиентите кои се пренасочуваат на cPay порталот за плаќање и кои пристапуваат на cPay порталот, потребно е да го поддржуваат безбедносниот протокол TLS 1.2.
Со цел имплементирање на овие мерки, ќе се врши надградба на системите во Централен регистар во вторник 13.06.2017 г. при што во периодот од 10:00 до 12:00 часот ќе бидат во прекин веб сервисите кон сите корисници во РМ и EBR – Европскиот бизнис регистар, а ќе биде недостапен и системот за електронско плаќање на Централен регистар, односно ќе биде оневозможено плаќањето преку апликациите/системите на Централен регистар.
Дополнително, ќе бидат изменети корисничките упатства на Централен регистар за конфигурирање на прелистувачи, за што ќе бидете дополнително известени.