Централен регистар со нов интегриран производ - Потврда од залог и лизинг | Правдико

Правдико

   

Централен регистар со нов интегриран производ – Потврда од залог и лизинг

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Централниот регистар на Република Македонија ги информира граѓаните дека од 04.04.2017 година, преку системот за е -потврди и интернет дистрибутивниот систем на Централен регистар на Република Македонија, се воведува можност за користење на новиот производ – потврда од залог и лизинг.

Интегрираната потврда за издадена информација за залог и лизинг содржи податоци за регистрираните документи од заложниот регистар и регистарот за лизинг (за заложниот должник и корисникот на лизинг). Потврдата ќе се изготвува исклучиво преку системот за е – потврди, по критериум ЕМБГ за физичко лице и ЕМБС за правно лице. Истата ќе се наплаќа 505,00 денари.

Потврдата, корисниците можат да ја побараат во хартиена и електронска форма.

Препорачуваме

Партнери на Правдико