Централен регистар: Во април избришани 11.000 фирми
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Централниот регистар во април избриша 11.015 фирми кои не доставиле годишна сметка за 2013 година, информираше институцијата преку својата интернет страница.
Постапката за бришење на трговците поединци и трговските друштва е спроведена поради тоа што до 31 декември 2014 година овие фирми не поднеле годишна сметка за деловната 2013 година и не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче за прием на писма.
Ова е дел од членот 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица.
Централниот регистар секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои се избришани.
Извор: еМагазин