Централниот регистар да води прекршочна постапка и да изрекува прекршочни санкции - Предлог измени | Правдико

Правдико

   

Централниот регистар да води прекршочна постапка и да изрекува прекршочни санкции – Предлог измени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

centralen-registarСо членот 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/2014), се дава надлежност на Централниот регистар да води прекршочна постапка и да изрекува прекршочни санкции против трговци поединци и трговски друштва кои нема да поднесат годишни сметки, ревидирани финансиски извештаи и консолидирани финансиски извештаи во пропишаните рокови утврдени со законот.

Истовремено, со измени на Законот за сметководството за непрофитните организации, ќе се пропише надлежност на Централниот регистар да води прекршочна  постапка и да изрекува прекршочни санкции за непрофитните организации кои нема да достават годишна сметка во пропишаните рокови.

Со измените на Законот за Централен регистар се пропишува формирањето на прекршочната комисија во рамките на Централниот регистар, со што се постигнува усогласување на законската рамка во делот на надлежност на Централниот регистар како прекршочен орган.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико