Правдико

   

Централниот регистар ќе спроведува контрола на регистрационите агенти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ве информираме дека Централниот регистар на Република Македонија согласно член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица  има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација.

Самата контрола, започнувајќи од 07.06.2018 (четврток), ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за спроведување на истата за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот кој е предмет на контрола.

Предметот на контрола е регулиран со член 34-е од горенаведениот закон и ќе се однесува на проверка на:

– на идентичноста на податоците содржани во пријавата и прилозите поднесени преку Системот за е – регистрација, со податоците содржани во прилозите доставени до регистрациониот агент од субјектот на упис,

– на исполнетоста на критериумите определени со членот 34-а од овој закон,

– во постапувањето согласно со членот 82 став (4) од Законот за трговските друштва.

Преглед на субјекти – предмет на контрола, јуни-јули 2018

Партнери на Правдико