Церар: Закон со кој азилантите ќе може да бидат одбиени на граница | Правдико

Правдико

   

Церар: Закон со кој азилантите ќе може да бидат одбиени на граница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

begalci-slovenijaСловенечката влада разгледува измени на законот на странци, според кои потенцијалните баратели на азил ќе може да бидат одбиени на самата граница, изјавил словенечкиот премиер Миро Церар, пренесуваат тамошните медиуми.

„Предлог законот ја доби потребната политичка поддршка, оценуваме дека е адекватен, превентивен и дека со него се предвидени мерки кои се соодветни на околностите“, изјавил Церар по состанокот на словенечкиот совет за национална безбедност.

Предлог законот, како што пренесува Hina, се усогласува веќе неколку месеци бидјеќи некои министри оцениле дека тој е спротивен на Уставот и навеле дека го донесува во прашање уважувањето на меѓународните конвенции кои ги предвидуваат обврските на државата во погледна давањето меѓународна заштита на бегалците од загрозените подрачја.

„Во последно време се соочуваме со засилување на илегалниот миграциски ток, а се менува и структурата на мигрантите, па се зголемува и ризикот меѓу нив да се појават лица кои претставуваат зголемен безбедносен ризик“, рекол Церар, објаснувајќи ги потребите за овој закон.

Словенечкиот премиер додал дека сегашниот степен на мерките на безбедност нема да се менува бидејќи не смета дека на Словенија и се заканува зголемен ризик од терористички закани, но потенцирал дека миграција е еден од безбедносните ризици кои и се закануваат на Европската унија.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико