ЦИА го оправдува измачувањето на осомничените за тероризам
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Републиканците од Разузнавачката комисија на американскиот Сенат наскоро ќе објават извештај во кој тврдат дека примената на остри методи на испитување од страна на агенти на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) помогнала во борбата против Осама бин Ладен и други терористи.
– Информациите добиени на овој начин помогнале да се разоткријат и осуетат терористички завери, вклучувајќи ги информациите кои помогнале во борбата против Бин Ладен, рече сенаторот од Џорџија републиканецот Сексби Чемблис.
Извештајот на Комисијата уследи пет години од почетокот на истрагата за наводите дека агенти на ЦИА измачувале осомничени за тероризам по нападите од 11 септември 2001 во САД.
Се очекува дека демократите во својот извештај ќе ја осудат употребата на некои техники на испитување на затвореници како што е „вотербординг“, односно симулирање на потопување, како неефикасен метод што не донел никакви вредни информации.
Извор: Утрински весник