ЦИА шпионирала локални мрежи со „Архимед“ | Правдико

Правдико

   

ЦИА шпионирала локални мрежи со „Архимед“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Викиликс објави информации за алатката „Архимед“ со која ЦИА ги напаѓала комјутерските системи преку локалните мрежи (ЛАН), кои обично се користат во канцеларии. Алатката овозможува пренасочување на активностите од тагретираниот комјутер во мрежата преку малициозен софтвер контролиран од страна на ЦИА.

Оваа техника се користила кога ЦИА сакала да ги пренасочи прелистувачите кон посебен сервер, а на таргетираниот комјутер да се отвори нормална сесија за прелистување, открива Викиликс.

Од седми март, Викиликс почна да ја објавува „големата архива на класифицирани документи на ЦИА“. Со првиот дел се открија техниките на хакирањето од страна на Агенцијата, вклучувајќи и програми насочени кон поголеми компјутерски оперативни системи.

Според официјалната веб-страницата на Викиликс, големата архива која содржи различни вируси, малициозни софтвери и соодветната документација за онеспособување на софтверски ситеми, беше откриена од хакерите на американската Владата, по што Викиликс доби пристап до некои од податоците.

Во март минатата година, Викиликс објави повеќе од 8.700 тајни документи на ЦИА кои ја криеја технологијата на хакирање од Агенцијата и кадешто беа наведени главните слабости на оперативните системи.

На 21 април, Викиликс претстави упатства за алатката на ЦИА наречена „Расплакан ангел“, програма за надзор на смарт-телевизорите на „Самсунг“.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико