Ципрас ги информира Меркел и Оланд дека не го прифаќа предлогот на кредиторите | Правдико

Правдико

   

Ципрас ги информира Меркел и Оланд дека не го прифаќа предлогот на кредиторите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа имал телеконфренција со германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, на која ги информирал дека Владата на Грција не го прифаќа предлог-договорот што го доставија нејзините кредитори, соопштија грчки владини извори.

111856

Како што јавија грчките медиуми, целата конференција минала во „конструктивен дух“.

– Предлогот на кредиторите не може да биде основа за договор, бидејќи не ја одразува процедурата по кој се преговараше во последниве месеци во Брисел, дополнија владините извори во Атина.

Според нив, за разлика од овој, предлогот што го доставила грчката Влада ги содржел елементите што двете страни ги усогласиле во текот на преговорите.

Одбивањето на Ципрас да го прифати предлогот на кредиторите доаѓа во пресрет на денешна дебата во грчкиот Парламент посветена на преговорите.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико