Ципрас: Грција нема пари да го плати долгот | Правдико

Правдико

   

Ципрас: Грција нема пари да го плати долгот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ciprasРазговорите меѓу грчката левичарскa влада и кредиторската тројка – Европската унија, Европската централна банка и ММФ, беа запрени минатата недела, откако Ципрас соопшти дека договорот со мерките ќе го даде на референдум.

Со цел да се “смири ситуацијата кон странските кредитори,” Ципрас вчера ја остави “вратата отворена за преговори”, велејќи дека референдумот на 5 јули во врска со последниот предлог на  кредиторите во замена за планираните реформи “ќе им овозможи на Атина” силно оружје “во борбата за постигнување договор во врска со долгот.

Сепак, премиерот јасно стави до знаење дека Грција нема да биде во можност да  најде 1.6 милијарди евра и да му плати на ММФ денес, кога рокот за исплата на долгот истекува.

“Како е можно кредиторите да чекаат исплата на рата кон ММФ кога нашите банки се угушени,” изјави Ципрас доцна вчера во интервју за телевизијата ЕРТ.

Лидерите на ЕУ, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседателот Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренција беа изненадени со објавувањето на референдумот на Ципрас за следниот викенд.

Тие предупредија дека со националниот референдум всушност Грција ќе се изјасни дали сака  да стане во еврозоната.

Партнери на Правдико