Правдико

   

Ципрас покренува измени на Уставот на Грција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на вчерашната седница на пратеничката група на неговата партија Сириза ја обелодини содржината на предлогот за ревизија на Уставот.

Станува збор за 15 измени од кои главната всушност е претпазлив чекор кон нов однос меѓу црквата и државата кои во Грција не се раздвоени.

„Дојде време со Уставот експлицитно да се зацврсти верската неутралност на грчката држава со сето она што се подразбира регулаторно и во практика“, изјави Ципрас. Од другитте предложени измени е интересна и таа за уставно воспоставување на пропорционален изборен систем кој во Грција сега е мешан. Исто така се предлага и измена со цел да се отежне менувањето на владата од страна на Парламентот.

Извор:Радио слободна Европа

Партнери на Правдико