Ципрас: За решавање на спорот за името неопходна е желба од двете страни | Правдико

Правдико

   

Ципрас: За решавање на спорот за името неопходна е желба од двете страни

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предуслов за надминување на спорот меѓу Грција и Македонија околу името е да има желба на двете страни да се најде решение, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната заедничка прес-конференција во Белград со претседателот на српската Влада Александар Вучиќ.

– Во последните неколку години покажавме видлива трпеливост. Сакаме да се реши проблемот, но тешко е да се дојде до решение доколку некој инсистира на непријателски ставови и тежнее кон национализам што не е во согласност со нашите ставови, рече Ципрас.

На прашањето дали Србија може да помогне во решавањето на спорот меѓу Грција и Македонија, српскиот премиер Вучиќ посочи дека Србија е мала земја за да може да решава светски прашања, но додаде дека е подготвена да учествува во разговорите доколку некој го побара тоа.

– Ние сме мала земја за сами да ја преземеме улогата за решавање на големи прашања… Но, подготвени сме да помогнеме доколку од нас побараат. Сепак, нема сами да инсистираме, рече Вучиќ.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико