Црква, болница и три ресторани ограбени од тетовски тинејџер
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 18-годишник од тетовското село Озормиште поради сомнение за сторени пет кривични дела и против 28-годишник од село Голема Речица поради сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.
Како што информираат од МВР, во периодот од 24 декември 2018 до 12 јануари оваа година на подрачјето на Тетово, во црква, болница и три угостителски објекти, тинејџерот со употреба на физичка сила и погоден предмет влегувал и одзел пари, алкохолни пијалаци и телевизор.
Кривичните дела за кои се товари 18-годишникот се три „тешки кражби“, една „тешка кражба во обид“ и една „кражба“.
Жителот на Голема Речица, пак, за одреден надомест го зел телевизорот иако знаел дека потекнува од кривично дело.
Извор: Макфакс