ЦРМ до 15 март ќе врши прием на годишни сметки и во хартиена форма | Правдико

Правдико

   

ЦРМ до 15 март ќе врши прием на годишни сметки и во хартиена форма

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Потсетуваме дека сите правни субјекти кои се основани согласно законот за трговски друштва, а кои го пропуштиле рокот за поднесување на годишната сметка за 2016 година во хартиена форма дека поднесувањето на истата можат да го направат преку системот за електронско поднесување на годишни сметки заклучно со 15 март, 2017година.

Централниот регистар на Република Македонија Ве известува дека на 15.03.2017 година (среда) ќе врши прием на годишни сметки за 2016 година во хартиена форма за трговци поединци и самостојни вршители на дејност во сите регистрациони канцеларии ширум Република Македонија од 08:00 до 20:00 часот.

Воедно, на 15.03.2017 година Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово (простории на општината), во Крушево (простории на општината) и во Демир Хисар (простории на Уни банка), во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Партнери на Правдико