ЦРМ: Доставете годишни сметки за 2015 година | Правдико

Правдико

   

ЦРМ: Доставете годишни сметки за 2015 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Централен регистар на РМЦентралиот регистар на Република Македонија ги известува сите обврзници за доставување годишни сметки за 2015 година дека законскиот рок за доставување на истите е 29.2.2016 година, а за трговските друштва што поднесуваат во електронска форма и за трговците поединци и за самостојните вршители на дејност е 15.3.2016 година.

Во деновите 26.2.2016 (петок), 27.2.2016 (сабота) и 29.2.2016 (понеделник) приемот на годишни сметки за 2015 година во хартиена форма ќе се врши во сите регистрациони канцеларии на Централниот регистарво периодот од 08:00 до 20:00 часот. Воедно, известуваме дека прием на годишни сметки за 2015 година ќе се врши и на 28.2.2016 (недела) во сите регистрациони канцеларии на Централниот регистар во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Дополнително, во деновите 26.2.2016 (петок) и 29.2.2016 (понеделник), Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово (простории на општината), во Крушево (поранешна канцеларија на Централен регистар) и во Демир Хисар (простории на општината), во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Согласно со Законот за трговските друштва, средните и големите субјекти се должни до Централниот регистар на Република Македонија да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи исклучиво во електронска форма, а ревидираните и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи за 2015 година да ги достават најдоцна до 30.6.2016 година.

Детални информации и упатства за поднесување на годишните сметки се објавени на веб-локацијата на Централниот регистар на Република Македонијаwww.crm.com.mk, во делот Информативни содржини.

Препорачуваме

Партнери на Правдико