Правдико

   

ЦРМ: Известување за промени во производот за историјат на субјект

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Oд 01.10.2018год. во текот на денот ќе настанат промени во однос на начинот на издавање на Историјат на субјект на упис од Tрговскиот регистар и Регистарот на други правни лица преку Системот за е – потврди и Интернет Дистрибутивниот систем како резултат на имплементација на барањето за прикажување/не прикажување на ЕМБГ договорени со Дирекцијата за заштита на лични податоци, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Промените во Историјатот се однесуваат на видливоста на податокот ЕМБГ за актерите на субјектот, односно ќе се генерира Историјат на субјект на упис– Историјатна субјект на упис  со можност за криење и приказ на ЕМБГ, кај која постои опција, односно можност за прикажување или криење на ЕМБГ на актерите на субјектот во зависност од тоа дали барателот внел или не внел податок за ЕМБГ кој соодветствува на ЕМБГ на некој од тековните актери на субјектот.

1. Начин на работа во Системот за е-потврди и Интернет дистрибутивен систем:

Начинот на пристап до производите останува ист.

При изборот на производот со назив Историјат на субјект на упис, покрај поле за внес на ЕМБС ќе постои и поле за внес на ЕМБГ.  Доколку се внесе податок во полето за ЕМБГ кој што е наведен во барањето за Историјат на субјект и кој соодветствува на ЕМБГ на некој од тековните (не избришани) актери на субјектот автоматски ќе се  издаде Историјатот со приказ на ЕМБГ на секој од актерите на субјектот.

Доколку  во полето за ЕМБГ не се внесе или се внесе неточен ЕМБГ кој што е наведен во барањето за Историјат на субјект, односно ЕМБГ кој не постои во тековните (не избришани) актери на субјектот автоматски ќе се издаде Историјат без приказ на ЕМБГ на актерите на субјектот.

2. Барање за издавање на Информации од Трговски регистар и Регистарот на други правни лица:

Како резултат на горенаведените промени се направи промена и на самото Барање за издавање на Информации од Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица во насока на сублимирање на сите Информации/Потврди кои се издаваат од двата регистри на едно барање (образец) и истото дополнето со Изјава за заштита на личните податоци.

Барањето ќе биде достапно во хартиена форма за поднесување на шалтер, како и за избор преку веб страната на Централниот регистар.

  • При поднесување на Барање за издавање на Историјат на субјект со приказ на ЕМБГ на актерите на субјектот (внесен е дополнителен критериум – валиден ЕМБГ), подносителот е потребно да приложи на увид документ за лична идентификација како референтот за регистрација би можел да провери дека истото лице е со својство на актер во субјектот за кој се бара издавање на Историјат на субјект. Доколку пак, подносителот на Барањето не е во својство на некој од актерите на субјектот за кој се бара издавање на Историјат, потребно е покрај документ за лична идентификација да приложи и Полномошно издадено од страна на некој од актерите на субјектот за кој се бара издавање на Историјат. Во случај да горенаведеното лице не го приложи бараното Полномошно, ќе се издаде Историјат без приказ на ЕМБГ.

3. Издавање на Историјат на субјект на упис:

Поднесено барање преку Системот за е-потврди и Интернет дистрибутивен систем за издавање на Историјат на субјектна упис во хартиена форма:

  • Доколку корисникот избрал Историјат и тоа Историјат со приказ на ЕМБГ на актерите на субјектот (внел дополнителен критериум –валиден ЕМБГ) и доколку истата е нарачана за преземање во хартиена форма, при идентификација на лицето кое ја презема од шалтерите на ЦР потребно е да приложи на увид документ за лична идентификација при што референтот за регистрација би можел да провери дека истото лице е со својство на актер во субјектот за кој е издаден Историјат со приказ на ЕМБГ.
  • Доколку пак, лицето кое го презема Историјатот  од шалтерите на ЦР не е во својство на некој од актерите на субјектот за кој е издаден Историјатот, потребно е покрај документ за лична идентификација да приложи и Полномошно издадено од страна на некој од актерите на субјектот за кој е издаден Историјатот со приказ на ЕМБГ. Во случај горенаведеното лице не го приложи бараното Полномошно, ќе се издаде Историјат без приказ на ЕМБГ.

2. Поднесено хартиено барање за издавање на Историјат на субјет на упис:

Доколку корисникот избрал Историјат со приказ на ЕМБГ на актерите на субјектот (внел дополнителен критериум –валиден ЕМБГ), при издавање на Историјатот потребно е да приложи на увид документ за лична идентификација како референтот за регистрација би можел да провери дека истото лице е со својство на актер во субјектот за кој е издаден Историјатот.

Доколку пак, лицето кое го презема Историјатот за кој е претходно поднесено барање за издавање на Историјат со приказ на ЕМБГ не е во својство на некој од актерите на субјектот за кој е издаден Историјатот, потребно е покрај документ за лична идентификација да приложи и Полномошно издадено од страна на некој од актерите на субјектот за кој е издаден Историјат. Во случај да горенаведеното лице не го приложи бараното Полномошно, ќе се издаде Историјат без приказ на ЕМБГ.

Партнери на Правдико