ЦРМ ќе овозможи прием на годишни сметки во три градови каде што нема свои канцеларии | Правдико

Правдико

   

ЦРМ ќе овозможи прием на годишни сметки во три градови каде што нема свои канцеларии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се известуваат сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на РМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2016 година, во деновите 25.02.2017 (сабота) од 08:00 до 16:00 часот, 27.02.2017 (понеделник) и 28.02.2017 (вторник) од 08:00 до 20:00 часот.

За субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да  достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2017 година.

На 27.02.2017 – (понеделник) и  28.02.2017 – (вторник) со работно време од 08:00часот – 16:00часот, Централниот регистар на Р. Македонија овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2016 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

–    Кратово – во објектот на Општина Кратово

–    Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар

–    Крушево – во објектот на Уни банка

Препорачуваме

Партнери на Правдико