ЦРМ објави список за спроведување постапка за бришење на трговци поединци и трговски друштва | Правдико

Правдико

   

ЦРМ објави список за спроведување постапка за бришење на трговци поединци и трговски друштва

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2017 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2016 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица  и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.

Исто така, Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 477 од истиот Закон, за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.

Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение, да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.

Доколку во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Напомена:  Централниот регистар на Република Македонија се до истекот на законскиот рок за објава ќе врши редовно ажурирање на објавениот список на тој начин што од истиот ќе ги отстрани трговците поединци и трговските друштва кои ги отстраниле причините поради кои биле ставени на списокот како и оние кои по објавата на списокот се избришани од трговскиот регистар по пат на стечај, по пат на ликвидација или согласно член 18  од Законот за трговските друштва.

Преглед на субјекти согласно член 552 б од ЗТД

Датум на објава: 30.01.2018 година
Датум на дополнување на објавата: 26.06.2018
Преглед на субјекти согласно член 477 од ЗТД

Датум на објава: 30.01.2018 година
Датум на дополнување на објавата: 22.06.2018

Партнери на Правдико