Правдико

   

ЦРМ: Преглед на избришани фирми во месец Февруари 2019

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.

Централен регистар на РМ

ПРЕГЛЕД НА ИЗБРИШАНИ СУБЈЕКТИ СОГЛАСНО ЧЛЕН 552а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 64/18  и  120/18), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности

Постапката за бришење на трговците поединци и трговските друштва е спроведена согласно член 552-а од причини определени во член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2017 година до Централниот регистар на Република Северна Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2016 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот  на веб страницата на Централниот регистар на Република Северна  Македонија за извршен упис на основање согласно со членот 175 од овој закон не го внесе/уплати основачкиот влог

Истовремено се повикуваат содружниците, односно акционерите на бришаните друштва да го распределат имотот на друштвото меѓу себе согласно со ставот (4) на член 552-а од Законот за трговските друштва.

Преглед на субјекти избришани согласно член 552а и 552б од ЗТД – во месец Февруари 2019 година

Партнери на Правдико