ЦРМ: Во рок од 15 дена сите правни субјекти да ги ажурираат своите податоци во Трговскиот регистар | Правдико

Правдико

   

ЦРМ: Во рок од 15 дена сите правни субјекти да ги ажурираат своите податоци во Трговскиот регистар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Централен регистар на РМЦентралниот регистар ги повикува сите правни субјекти редовно да ги ажурираат податоците што се предмет на упис во Трговскиот регистар и во Регистарот на други правни лица, со особен акцент на адресата на електронско сандаче за прием на писмена (е-маил адреса), затоа што Централниот регистар истата ја доставува до државните и други органи кои ја користат при водењето на соодветни постапки согласно нивните законски надлежности и овластувања.

Со ова известување се повикуваат субјектите кои ги немаат ажурирано податоците за е-маил адреса или друг податок во Централниот регистар, во рок од 15 дена да извршат упис на промена на истите и да запишат валидна и активна адреса на електронско сандаче. За утврдени погрешно запишани податоци, Централниот регистар ќе поднесе барање до надлежниот суд за покренување прекршочна постапка, согласно член 597 од Законот за трговските друштва.

Точноста на податоците запишани во регистарот е од особено значење за непречено функционирање на бизнис-заедницата во правниот промет воопшто и во односите со државните и други надлежни органи.

Препорачуваме

Партнери на Правдико