Правдико

   

Црна Гора ги започна преговорите со НАТО

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Црна Гора денеска ги започна преговорите за членство во НАТО, објавено е на веб страната на Алијансата.

montenegro-nato

“На почетокот на преговорите, Црна Гора денес направи значаен чекор кон членство во НАТО”, пишува на официјалниот сајт на Алијансата.

Како што се одвиваат преговорите ќе ги покријат политичките, воените и правните прашања и ќе биде  прилика за двете страни за да ги разјаснат отворените прашања.

По разговорите, следниот чекор е членките на НАТО да го потпишат протоколот за пристапување, по што Црна Гора, на покана, ќе започне да учествува на состаноците на Алијансата.

Црна Гора ќе биде во можност да пристапи кон Вашингтонскиот договор и на тој начин да стане 29 членка на НАТО откако сите држави ќе го ратификуваат протоколот за пристапување.

Преговорите ќе ги предводи помошникот на генералниот секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика, грчкиот амбасадор во НАТО, Трасивулос Тери Стаматопулос.

Црногорската делегација ја предводи амбасадорката во НАТО, Драгана Радуловиќ.

Отворањето на разговорите, Стаматопулос рече дека е знак на напредок што Црна Гора го постигна по обновувањето на независноста и со приклучувањето на Алијансата ќе ја зајакне својата безбедност и суверенитет.

Партнери на Правдико