Црна Гора ќе ги затвора борците што се приклучуваат на војни во странство | Правдико

Правдико

   

Црна Гора ќе ги затвора борците што се приклучуваат на војни во странство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците во Црна Гора преземаат чекори како одговор на извештаите за балканските Муслимани што се борат на Блискиот Исток.

Зоран Миљаниќ, член на парламентот од опозицискиот Демократски фронт, предложи амандман на кривичниот законик кој бара „сите што обезбедуваат обука, учествуваат на обука, финансираат и регрутираат државјани на Црна Гора за учество во странски боишта како дел од паравоени и терористички организации да бидат казнети со затворска казна“.

More-jihadists

„Сите земји во регионот имаат слични закони“, рече Миљаниќ за SETimes. „Оние кои одат на боиштата ќе бидат казнети со затворска казна во траење до пет години, а оние кои регрутираат борци ќе бидат казнети со затворска казна од пет до десет години. Луѓето кои се враќаат од боиштата се темпирана бомба за нашата земја. Ова е сега глобална акција и сите треба да се свесни за ова и да се обидат да направат нешто во врска со тоа.“

Експертите велат дека законот е важен бидејќи во последните години црногорски државјани учествуваат во странски војни. „Тајната служба има прецизна евиденција за овие лица. Сите кои учествуваат во таа приказна треба законски да се казнат“, рече за SETimes Александар Дедовиќ, извршен директор на Алфа центар, невладина организација со седиште во Никшиќ, фокусирана на безбедносните прашања. „Покрај парите што борецот ги заработил, тој ги носи своите воени искуства и идеологија во нашата земја. Тоа е многу опасно. Црна Гора е мала. Мислам дека тоа е една од причините што законот ќе биде ефикасен и применлив во практиката.“

Според извештаите на медиумите и националната агенција за безбедност, неколку стотици членови на вахабистичкото движење живеат во Црна Гора. Официјални претставници на агенцијата велат дека радикалните исламисти се финансирани од разни хуманитарни организации.

Meдиумите во Црна Гора во средината на јули објавија дека тајната полиција на земјата врши надзор, а полицијата доби овластување да ги прислушува осомничените муслимански екстремисти.

На 30 септември парламентарната комисија за безбедност официјално побара од националната агенција за безбедност да продолжи да ги следи групите на верски екстремизам и радикализам.

Мевлудин Нухоџиќ, претседател на комисијата, рече дека властите мора да бидат поефикасни во борбата против екстремистичките групи во Црна Гора, додавајќи дека дејствата против радикалниот вахабизам мора да ги вклучат сите, од семејствата до медиумите.

„Никој не може да го крши законот криејќи се зад верата“, рече Нухоџиќ за SETimes.

„Од октомври 2012 година до денес, 13 државјани на Црна Гора се бореле во Сирија. Десетмина од нив се вратија, а еден погина, додека двајца се сé уште на боиштето. Исто така, на боиштето во Украина имаме двајца државјани на Црна Гора. Владејачката партија дефинитивно ќе го поддржи донесувањето на новиот закон со кој ова ќе се санкционира“, рече тој.

Според најновиот извештај на ЦИА кој американскиот Стејт департмент го објави на 25-ти септември, околу 30 доброволци од Црна Гора се борат за милитантите на Исламската држава Ирак и Левант во Ирак и Сирија. Во извештајот, исто така, се вели дека неколку стотици џихадисти од некои балкански земји ѝ се приклучиле на екстремистичката група на Блискиот Исток.

Босна и Херцеговина (БиХ), Косово и Албанија се главните регрутни области на Балканот за радикалните исламисти. Повеќе од 350 борци се од БиХ, 150 се од Косово, 140 се од Албанија и 20 се од Македонија.

Извор: SETimes

Препорачуваме

Партнери на Правдико