Црна Гора на прво место по бројот на политички партии и политичари | Правдико

Правдико

   

Црна Гора на прво место по бројот на политички партии и политичари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Црна Гора е на прво место по бројот на политички партии и политичари по глава на жител, пренесува Телевизија Црна Гора.

122

Во Црна Гора сега има 59 официјално регистрирани политички партии, од кои 46 активни, а 18 се во парламентот.

Само оваа година до сега се имаат регистрирано пет нови политички партии, а се очекува да се регистрираат уште неколку. Од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора пред четврт век, во политичката арена на Црна Гора “парадираа” стотина политички партии.

Нема политичка партија во Црна Гора, која нема внатрешни поделби. Некои од нив се делеле неколку пати.

Државниот буџет во Црна Гора годишно одвојува околу пет милиони евра за финансирање на политичките партии.

Пратениците имаат значително повисока плата од просечнита во Црна Гора.

Пратеничкиот статус ужива голем број на привилегии, а оние кои од Собранието ќе одат во пензија имаат приход и до две илјади евра.

За основање на политичка партија во Црна гора, потребно е да се соберат 200 потписи од граѓаните.

Препорачуваме

Партнери на Правдико