Црна Гора се подготвува за легализација на геј-браковите | Правдико

Правдико

   

Црна Гора се подготвува за легализација на геј-браковите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Црна Гора подготвува модел според кој на истополовите партнери ќе им овозможи да ја озаконат својата врска.

На патот кон ЕУ земјата ќе мора да усвои закон за регистрирано партнерство, наведе „Вечерње новости“ и додаде дека на овој закон се работи повеќе од две години.

Темата за хомосексуалните бракови во Црна Гора се актуализира по парадата на гордоста, што се одржа во ноември во 2015 година во Подгорица кога ЛГБТ-заедницата побара да биде усвоен овој закон.

Од Министерството за човекови и малцински права за весникот „Новости“ неофицијално изјавиле дека идниот законски акт треба да се примени според условите што владеат во Црна Гора не занемарувајќи ги искуствата од Данска, Холандија и од Франција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико