Црногорeц во автомобил сокрил 41 пакет марихуана | Правдико

Правдико

   

Црногорeц во автомобил сокрил 41 пакет марихуана

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград запленија 34,3 килограми марихуана и го уапсија црногорскиот државјанин З. М. (43) поради постоење  сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и продажба на опојни дроги“.

Марихуаната спакувана во 41 пакет полицијата ја пронајде во конструкциските шуплини во возилото „рено лагуна”, што осомничениот го возел.

На З. М. му е одреден притвор од 48 часа, по што, заедно со кривична пријава, ќе биде приведен на надлежното Вишо јавно обвинителство во Белград, се вели во соопштението.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико