Црногорeцот уапсен во Германија не е поврзан со Париз | Правдико

Правдико

   

Црногорeцот уапсен во Германија не е поврзан со Париз

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

interpol_logoФранцуски Интерпол ги информираше своите колеги денеска во Подгорица дека В.В., кој беше уапсен во Германија, на 5 ноември, за сега не се поврзува со терористичките напади во Париз.

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора забележа дека канцеларијата на Интерпол во Визбаден во саботата со допис го информира Интерпол Подгорица дека тие во моментов не знаат дали постои врска помеѓу В.В. (51) и нападот во Париз.

Управата на Црногорската полиција ќе продолжи да комуницира со партнерските служби за овој, и за сите случаи за кои постои интерес за соработка и размена на информации, на ниво на меѓународна полициска соработка, и ќе преземат мерки во рамките на својата надлежност во согласност со барањата кои ќе им бидат упатени, се вели во соопштението.

Партнери на Правдико