Црногорскиот парламент го усвои законот за потврдување на договорот за стапување во НАТО | Правдико

Правдико

   

Црногорскиот парламент го усвои законот за потврдување на договорот за стапување во НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Црногорскиот парламент го усвои во среда Законот за потврдување на Северноатлантскиот договор со кој се обезбедуваат услови за стапување на Црна Гора во НАТО.

За усвојување на Законот гласаа 46 пратеници.

На седницата одржана во Цетиње, од опозицијата присуствуваа само пратениците од Социјалдемократската партија.

По донесувањето и стапувањето во сила на Законот, Црна Гора ќе го достави својот инструмент на потврдување на договорот до Владата на САД, која е депозитар на документот.

Датумот на прием на тој инструмент за потврдување ќе биде датум на стапување на Црна Гора во НАТО.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико