Црногорците основаат и четврта паралелна влада | Правдико

Правдико

   

Црногорците основаат и четврта паралелна влада

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Партија на пензионерите и инвалидите на трудот на Црна Гора најави дека самата ќе формира своја “влада во сенка”, што ќе биде третa опозициска “влада” во земјата.

crnagora-zastava-pvportalme

Претходно, формирање на “преодна влада”, или “влада во сенка”, објави опозициската Демократски фронт (ДФ), во која се и Нова српска демократија и Движењето за промени, како и неодамна формираното граѓанско движење (ГП), предводено од поранешниот црногорски министер и бизнисмен Жарко Ракчевич.

Според соопштението, “Владата” ДФ ќе се занимава со организација и управување на улични протести против актуелната црногорска власт. Сеуште е неизвесно дали во таа “влада” ќе и се придружат и други опозициски партии.

Од ГП најавија дека ќе формираат своја влада, и  дека тие нема да вклучуваат други опозициски партии.

Социјалдемократската партија, како помал член на црногорската владејачка коалиција, ја отфрли иницијативата на опозицијата за заедничко формирање “преодна влада”.

Демократската партија на социјалистите и премиерот Мило Ѓукановиќ претходно изјави дека во Црна Гора не постои ниту еден услов ни можност за формирање на “преодна” или било која друга алтернативна “влада”.

Извор: Правда

Препорачуваме

Партнери на Правдико