Судијата Туфегџиќ бара да се поништи огласот за избор на претседател на Кривичниот суд | Правдико

Правдико

   

Судијата Туфегџиќ бара да се поништи огласот за избор на претседател на Кривичниот суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата Владимир Туфегџиќ до Судскиот совет поднел предлог-иницијатива за поништување на огласот за избор на претседател на Кривичниот суд.

osnoven-sud-skopje-1-4

Туфегџиќ, кој е кандидат за претседател на Основен суд Скопје 1, ја поднел иницијативата поради повреда на принципот на еднаквост и на рамноправност при избор на судии и претседатели на судови и нивно доведување во нерамноправна положба во однос на веќе избраните судии и претседатели на судови во втората половина на 2016 година.

– Ќе се повлечам од принципиелни причини бидејќи е нарушен принципот на еднаквост и на рамноправност и сум доведен во нерамноправна положба со избраните кандидати за судии и за претседатели на судови во втората половина на 2016 година, за кои не е спроведена постапка за вонредно оценување. Барам од Судскиот совет да ги преиспита досегашните утврдени општи и посебни услови што треба да ги исполнува кандидат за избор на судија и претседател на суд. Барам да се утврдат посебни услови за избор на претседател на суд и при тоа како посебен услов да се цени авторитетот и кредибилитетот на кандидатот во судот каде што конкурира, оценет од мнозинството судии и судски службеници, имајќи предвид дека при избор на судија во повисок суд, задолжително се прибавува мислење од колегиумот на судии и со тајно гласање, оценка даваат судските службеници. Доколку ова правило важи при избор на судија во повисок суд, нормално е да биде посебен услов при избор на претседател на суд“, вели за „Фактор“ судијата Туфегџиќ.

Во иницијативата се наведува дека вонредно оценување на судии и на претседатели на судови не било спроведено за избор на претседатели на судови и тоа за Основен суд Кратово, Основен суд Виница и за Апелационен суд Гостивар во втората половина на 2016 година, како и при избор на судии во апелационите судови во Скопје, Гостивар, Битола и во Штип и за избраните судии на Врховниот суд.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико