Туниската полиција трага по напаѓачот кој уби 38 лица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Туниската Полицијата трага по напаѓачот и неговите можни соучесници во нападот на луксузен хотел во кој загинаа најмалку 38 лица, од кои некои биле убиени на плажата.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Мохамед Али Аруји за АП изјави дека напаѓачот е идентификуван како 24-годишниот студент Сејфедин Резгуи, како и дека е притворен и испрашуван неговиот татко и тројца негови цимери.
“Уверени сме дека и другите помогнале во нападот, брз директно да бидат вклучени туку на индиректен начин”, рече Аруји.
Истрагата потврди дека во морето е пронајден мобилниот телефон на напаѓачот преку кој тој непосредно пред нападот разговараше со неговиот татко. Аруја истакна дека приврзаниците на напаѓачот му набавиле автоматска пушка “калашников”, и му помогнале да дојде на местото на нападот.