Тунтев: Парламентарното мнозинство идната недела ќе ги поднесе законите за СЈО | Правдико

Правдико

   

Тунтев: Парламентарното мнозинство идната недела ќе ги поднесе законите за СЈО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Парламентарното мнозинство ги извести координаторите на партиите кои учествуваат во Собранието дека е потребно да се постигне политички договор за Законите за СЈО“, рече денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, одговарајќи на новинарско прашање.Тунтев додава дека овие закони во собраниска процедура ќе влезат наредната недела.

„Ние уште минатата година како опозиција ги предложивме Законот за заштитени сведоци и Законот за продолжување на рокот за обвиненија на СЈО, но тие беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ.Тоа се истите закони со кои треба да се овозможи непречено функционирање на оваа обвинителство и затоа сметам дека треба да дадат поддршка сите политички чинители. Впрочем, овие закони се дел од Пржинскиот договор, како и дел од реформските приоритети на Прибе“, изјави Тунтев.

Што се однесува до законот за јазици, Тунтев вели дека за него допрва треба да се договара со парламентарното мнозинство, па потоа да се излезе со конкретно решение до пратениците.

Тунтев изјави дека со цел потранспарентно работење ќе биде отворено и Собранието, истото како што го направи Владата.

„На овој начин граѓаните ќе имале можност одблизу да се информираат за работата на парламентот и за начинот на кој се водат дебатите во собраниските сали“, рече Тунтев.

Тој информираше дека новата реформска Влада ќе се заложи за решавање на проблемот со Охридското Езеро.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико