Турбуленции во Грција - нова влада, нови закони, нова надворешна политика ? | Правдико

Правдико

   

Турбуленции во Грција – нова влада, нови закони, нова надворешна политика ?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Грција се случуваат промени, во Грција се случува „Сириза“ – радикалната левица победи на парламентарните избори и формира влада на чело со лидерот на партијата Алексис Ципрас. Бидејќи Ципрас не освои апсолутно мнозинтство во парламентот, склучи договор за коалиција и формирање на коалициска влада со лидерот на „Независни Грци“, Пасос Каменос.

Tzsipras

Веќе се договорени неколку предлог-закони помеѓу коалиционите партнери, со цел да се имплементираат реформите претставени од страна на „Сириза“ во Септември минатата година. Со првиот закон би требало да се зголеми минималната плата на 751 евро и да се вратат регулативите за колективното преговарање на платите. Вториот предлог-закон е фокусиран на олеснување за исплата на заостанати даноци и придонеси – се очекува на даночните обврзници да им се дадат олеснителни околности и поповолни услови за исплата на истите.

Се очекува, како што беше ветено на Солунската декларација, да се превземат мерки и да се донесат нови закони за ослободување од плаќање на електрична енергија на околу 300.000 семејства што се наоѓаат под границата на сиромаштија. Повторно отварање на јавниот радиодифузен сервис, формирање на истражна комисија за да се испитаат околностите и причините за потпишувањето на финансикиот договор и покачувањето на долгот на земјата, нова легислатива за ставање крај на програмата за мобилност и процесот на евалуација на јавните услуги и многу други реформи се очекуваат наскоро од новата влада на Грција.

Каква е надворешната политика на „Сириза“ ?

На прв поглед, СИРИЗА е во согласност со стандардната јужноевропска левичарска реторика. Тоа значи дека е исполнета со анти-американски, анти-Израел, и анти-НАТО популизам.

Програмата на партијата прогласи своја верност кон левичарската групација во Европскиот парламент, „Соединета Европска Левица,“ во која има комунистички и други екстремно левичарски, пред се анти-американски партии како германската „Дие Линке“ (Die Linke). “Сириза се бори за повторно основање на Европа далеку од вештачки поделби и алијансата на Студената војна како што се НАТО”, гласи дел од официјалната програма на партијата.

greece_NatoСепак новодојдениот премиер ја смири ситуацијата со твит на почетокот од овој месец, кога тој напиша: “Спротивност со НАТО не е во интерес на земјата.”

Посветеноста кон надворешната политика е нешто што ги одликува сите грчки политичари досега. Премиерот во заминување, Антонис Самарас, го издигна своето име како министерот на Нова демократија пред 25 години со „камшикување“ на националистички чувства на Република Македонија кои што произлегоа од распадот на поранешна Југославија.

Самарас инсистираше на тоа дека Македонија не треба да го користи своето уставно име Македонија, бидејќи така се нарекува северна Грција. Ситуацијата беше споредена со одбивањето на Мексико да го признае САД, бидејќи САД има држава наречена Ново Мексико. Остатокот на Европа и земјите-членки на НАТО не можат да ѝ веруваат на грчката немилосрдност околу името на Македонија, но Атина става вета наоколу и инсистира на тоа дека наследникот на јужниот дел на југословенската држава се нарекува ПЈРМ – Поранешна Југословенска Република Македонија.

На сличен начин Грција ги изненади и ја изгуби поддршката на повеќето членки на ЕУ со непризнавањето на Косово, држава призната од 120 членки на ОН.

Дали Ципрас ќе ги повлечете архаичните грчки позиции кон Македонија и Косово и ќе игра на картата современа дипломатска реалност? Засега никој не знае.

Како Грција ќе се справи со Русија? Минатата година портпаролот за надворешни работи на „Сириза“, Костас Исикос, ги опиша ЕУ санкциите за Русија како „нео-колонијална булимија“ и ги поздрави „импресивните контра напади“ на про-руските милитанти во источниот дел на Украина. Тој исто така изјави дека Киевската влада е виновна за толерирањето на „нео-нацистичката грозотија“.

За блискоста кон Русија доволно говори и податокот дека првиот странски претставник со кој се сретна Ципрас по победата беше рускиот амбасадор во Грција, кој му ја пренесе честитката од Путин.

tsipras_maximou

На Блискиот Исток „Сириза“ соопшти дека „целосно се поистоветува со палестинската кауза“ и ќе стави крај на грчката одбранбена соработка со „агресивниот“ Израел.

Сиризината официјална партиска платформа вели дека “се бори за повеќедимензионална, про-мир ориентирана надворешната политика на Грција, без учество во војни и воени планови, политика на независноста и пријателска и мирна соработка со сите земји, особено со нашите соседи.”

Сириза сака “демократска, социјална, мирна, еколошка и феминистичка Европа, отворена за социјалистичка и демократска иднина. Ова е причината зошто дава поддршка за соработка и координирана акција на левите сили и социјални движења на пан-европско ниво. ”

Сириза се обидува да ги убеди сегашните партнери во ЕУ и НАТО дека партијата не сака конфронтација. НАТО нема причина да постои, изјави партискиот портпаролот за надворешни прашања Костас Исикос, но “тоа не е дел од приоритетите на Сириза како влада да го постави прашањето за можен излез од НАТО.“

Веќе реагираа анти-ЕУ движењата во Европа, славејќи ја победата на „Сириза“. Францускиот „Национален фронт“ и анти-европската „АФД“ во Германија ја поздравија победата како доказ дека ЕУ е пред растурање, реченица која ја повтори и анти-ЕУ политичкиот лидер на Велика Британија, Најџел Фараж.

Грчката надворешна политика отсекогаш била поврзана со националните перспективи како и што поширок глобален интерес. По турската инвазија на Кипар во 1974 година, во екот на кризата која ја заврши воената власт во Грција, Атина ја третира Турција како нејзин главен непријател.

Грчките десничари „Нова демократија“ како и популистичките левичари на „ПАСОК“, грчката социјалистичка партија, која падна на мизерни 5% од вкупниот број на гласови на изборите во неделата ја поткрепуваа грчката националистичка реторика против Турција и слепо ги подржуваа Кипарците и православната црковна позиција против муслиманските Турци.

Православната врска, исто така објаснува зошто Грција отсекогаш чувствувала мекост кон Русија на Путин, главен трговски партнер на Грција, како и ултра-националистичките српски позиции во Западен Балкан.

Во Европа, Грција може да тропа на веќе отворена врата. МеркелGREECE-POLITICS-SYRIZA-TSIPRAS изгуби важен конзервативен сојузник во Антонис Самарас. Нејзината централно-десничарската федерација на конзервативните партии ја изгуби Франција, Италија и сега Грција од левичарско настроените партии. Конзервативната партија на Дејвид Камерон го напушти ЕПП во 2009 година менувајќи ги своите ставови како антиевропски.

Европската комисија има повеќе членови кои ја поддржуваат крајно-екстремната политика на штедење поврзана со Меркел и особено со нејзиниот министер за финансии, Волфганг Шојбле.

Меѓутоа, ако Ципрас инсистира на примена на широки левичарска, анти-Израел, анти-американска политика во одборот, брзо ќе ги изгуби симпатиите.

– ПРАВДИКО –

Партнери на Правдико