Турчин превезувал мигранти, па удрил со автомобилот во ограда | Правдико

Правдико

   

Турчин превезувал мигранти, па удрил со автомобилот во ограда

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На aвтопатот Демир Капија – Неготино, во непосредна близина на ТЕЦ „Неготино“, вчера околу 13.30 часот се случила сообраќајна незгода, во која автомобил „сеат леон“, управуван од A. O. (20) од Турција, удрил во оградата на автопатот.

При извршената контрола на патниците во автомобилот пронајдени се три лица мигранти од Турција. Во непосредна близина затекнати се уште две лица од Турција, со возило „пежо 307“, за кои постои основано сомнение дека се вклучени во шверцување мигранти.

Бил извршен увид на местото на настанот. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико