Турчинов – Русија е во војна со Украина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вршителот на должноста претседател на Украина Олександер Турчинов, вели дека Русија е во војна со неговата земја, Тој вели дека поддршката од Москва е „колосален проблем“ во источниот дел на Украина.
Тој говорејќи на украинската телевизија Канал 5, ја обвини Москва дека се обидува целосно да ја дестабилизира ситуацијата во источна и јужна Украина, а Одеса е една од главните цели на Руската Федерација. Турчинов вели дека украинските патриоти ги блокирале напорите на локалните провокатори и сепаратисти, кои, според него, се виновни за „организирање“ на насилството во обид да ја доведат Одеса „на колена“.
Тој вели дека во насилството во Одеса се вклучеи многу луѓе со руски пасоши и гости ѕвезди од отцепениот регион од Молдавија, Трансдњестар. Според него голем дел од полиција во јужна и источна Украина, исто така е „наклонет кон сепаратистичките групи“.
Извор: Радио слободна Европа