Туристичките работници и угостителите бараат да продолжи владината помош | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Туристичките работници и угостителите бараат да продолжи владината помош

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставници од угостителската и туристичката дејност, кои се сретнаа со вицепремиерката Мила Царовска и владиниот економски тим, доставија барање за продолжување на поддршката и во наредниот период, соопшти Владата.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Царовска, се разговарало и за предизвиците во работењето на хотелите, рестораните и туристичките агенции, како и за потребата од носење нови мерки. Било истакнато дека овие неколку сектори, угостителите, туристичките работници и превозниците, трпат најголеми штети од ковид-пандемијата, но со навремено креирање мерки и протоколи од страна на Владата, останале ликвидни и кога не работеа.

„На средбата беше истакнато дека голем број фирми од туристички и угостителски дејности ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати. Угостителите истакнаа дека со носењето на протоколите од Владата очекуваат зголемување на посетеноста, од граѓаните, посебно од оние кои ќе ги користат платежните картички“, стои во соопштението.

Владата обезбеди 555 милиони евра за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Дел од средствата беа за одржување на ликвидноста на компаниите.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико