Туризмот во Македонија постојано ќе расте | Правдико

Правдико

   

Туризмот во Македонија постојано ќе расте

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

17022015155722_turisti-banskoliev-(12)

Туристичката индустрија, веќе неколку години наназад доживува огромни промени. Имено, со појавата на сервиси како Booking и AirBnb туристичките компании полека го губат своето место, безнадежно обидувајќи се да конкурираат на бизнис модел кој нуди поефтини и подостапни сместувања со секој изминат ден.

За да го задржат своето место помеѓу корисниците, тие се почесто се фокусираат на аранжмани кои нудат пакет услуги- вклучувајќи превоз, храна, дополнителни авантури… Ова, накратко, е правецот во кој туризмот полека се развива- поделба на пазарот, и специјализација врз потребите на одредена група, притоа нудејќи се подобра услуга за се помала цена.

Она што ја движи оваа промена е се поголемиот пристап до интернетот, и начинот на кој тој се користи кога е во прашање туризмот.

Скоро и да нема човек кој пред тргнување на одмор детално не се информира за местото, понудите, цените и останатите занимливости користејќи интернет конекција. Ова е шанса за многу компании лесно да направат сегментација на своите посетители, и да се фокусираат на еден сосема поинаков маркетинг. Во меѓувреме пак, разни интернет магазини го користат зголемениот интерест и се почесто објавуваат за туристички дестинации ширум светот.

Но да видиме како ова влијае врз Македонија.

Ако низ минатото единствениот начин за носење туристи беше преку отварање на туристичко биро во странска држава, сега целиот процес изгледа далеку полесно.

Многу хотели а и приватни лица, огласуваат онлајн и на тој начин се поврзуваат дирекно со странски посетители. Овие пак, за Македонија дознаваат читајќи статии ширум интернетот.

Статиите пак, иако најчитани кога се на страни од рангот на New York Times, знаат да се појават и на помали магзини, од кои некои пишуваат исклучиво за туризам. Најчесто се пишува за градовите Охрид и Скопје, но доста може да се најде и за македонската храна, вино, и планински туризам.

Странските посетители највеќе ги интересираат природните убавини, но и прекрасната храна, и многу ниските цени.

И додека CNN е одлично место за рекламирање на убавините на нашата земја, по се изгледа дека следната дестинација е интернетот. Се повеќе статии на се повеќе интернет магазини, кои низ слики и текст ја опишуваат Македонија. Најдоброто од се е дека овој маркетинг е бесплатен, и расте со секој изминат ден. Па така, очекувајте постојан пораст на туризмот на овие простори. Денеска барем, лесно е да се чуе за Македонија. А добриот глас, по се изгледа, се повеќе е присутен.

Погледнете само што вели “Discovering Macedonia” за градот Скопје

Препорачуваме

Партнери на Правдико