Турската полиција уапси 400 џихадисти | Правдико

Правдико

   

Турската полиција уапси 400 џихадисти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турската полиција уапси околу 400 лица осомничени дека се членови на терористичката група Исламска држава. Осомничените терористи биле приведени во голема операција на повеќе локации во Турција, а меѓу уапсените има и странци осомничени за планирање напади, пренесува АФП.

Во операцијата во Анкара турската полиција уапсила најмалку 60 лица. Повеќето од приведените се странски државјани. Во одделни акции во неколку кварта на Истанбул и во округот Коџаели, во северозападна Турција, уапсени се 18 лица осомничени за врски со ИД.

Полициски извори изјавиле дека имале сигурни информации оти осомничените подготвуваат терористички напад.
Вкупно 46 осомничени членови на ИД, меѓу кои и странски државјани, биле приведени во полициската операција во округот Бурса, во северозападна Турција.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико