Турската полиција уапси над 800 осомничени членови на ФЕТО | Правдико

Правдико

   

Турската полиција уапси над 800 осомничени членови на ФЕТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Над 800 осомничени членови на ФЕТО се уапсени во рамките на операции на турската полиција, кои се спроведени на територијата на целата земја во раните утрински часови, соопштува во средата весникот Хуриет, повикувајќи се на податоци од страна на полицијата.

Во акциите се активирани 8,5 илјади полициски службеници, кои дејствувале на територијата на сите 81 провинција во земјата.

Операциите се извршени како дел од истрагата на Обвинителството во Анкара. Како резултат на полициската акција се уапсени 803 осомничени во вкупно 54 провинции.

„Ловот” на наводните ѓиленисти во земјата продолжува, уверуваат властите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико