Правдико

   

Акција на турската полиција – уапсени 73 универзитетски професори

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

turkey-759-696x387Турската полиција во петок наутро приведе 73 универзитетски професори за кои смета дека се приврзаници на Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организација на неуспешниот пуч во јули, јави агенцијата Анадолија.

Околу 110.000 луѓе во државните служби, војската и правосудството добија откази или суспензија, а 36.000 се во притвор и чекаат судење заради наводна поврзаност со пучистите.

Во пропаднатиот воен удар загинаа 240 луѓе.

Инаку, Ѓулен отфрла секаква вмешаност во јулскиот пуч.

Како што јавува Анадолија, истанбулските обвинители издале налози за апсење на вкупно 103 професори кои се сомничат за „припадност на оружена терористичка група“, а во рамки на истрагата што се спроведува на Техничкиот универзитет Јилдиз.

Здруженијата за човекови права и некои западни земји изразуваат загриженост од обемот на чистките и стравуваат дека претседателот Ердоган го користи пучот да ја неутрализира опозицијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико