Турската Влада бара референдум за воведување претседателски систем во земјата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предлогот за нов устав на Турција, со кој се предвидува воведување на претседателски систем во земјата, наскоро ќе биде претставен пред Парламентот, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Тој потврди дека Владата ќе побара референдум за воведување претседателски систем, без разлика дали спорната уставна измена ќе биде прифатена во Парламентот.
За било каква измена во Уставот потребна е поддршка од најмалку 367 пратеници во 550-члениот Парламент за да биде директно усвоена.
Владејачката Партија на правдата и развојот на Јилдирим има 317 пратенички места, а реформата ќе биде ставена на референдум доколку ја добие поддршката на 330 пратеници.
Извор: Нова Македонија